Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифатила барањата од поранешните премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во следните година дена.
Надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата, а тоа значи дека и двајцата цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно.
Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека согласно последната одлука на Уставниот суд не им следува апанажа затоа што поднеле оставки.
Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.