Ковачевски и Петков положија цвеќе на спомениците „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Св. Наум Охридски“

Од:

Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков положија цвеќе на спомениците на Св. Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум Охридски во центарот на Скопје.

Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум како уште една потврда за важноста од соработката на двете држави, за зајакнување на меѓусебната доверба која се гради со заедничка работа во име на напредокот на народите во двете земји.

Премиерите Ковачевски и Петков потоа се упатија преку Камениот мост и плоштадот „Македонија“ и ја посетија и канцеларијата на Бугарската новинска агенција БТА во Скопје и со тоа го означија почетокот на работата на оваа канцеларија во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк