Ковачевски и делегацијата на Владата пречекани со највисоки државни почести во Софија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Македонија денеска беа пречекани со највисоки државни почести во Софија, на церемонија која што се одржа на плоштадот „Александар Невски“.

Срдечно добредојде на премиерот Ковачевски и на членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија им посака премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, придружуван од министрите во неговата влада.

Со овој свечен чин започна дводневната официјална посета на делегацијата на Владата на Република Македонија на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.

Премиерите Ковачевски и Петков, според Програмата на официјалната посета, положија цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј, по што се упатија кон Македонскиот културно-информативен центар за да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА).

Агендата на првиот ден од официјалната посета на Софија вклучува и посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоска е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски