Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Од:

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател и на ВМРО ДПМНЕ.

„ Ја честитам изборната победата на нашиот политички конкурент ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание им посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и европската иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова на републиката и се надевам и посакувам функцијата да ја извршува во согласност со дадените уставни овластувања и евроатлантската посветеност и обврски на државата“ , изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Ковачевски додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност за поразот. Ковачевски повика на итна анализа во партијата и свикување на отчетен конгрес, со цел потполно консолидирање на целата партија.

„ Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар не само од гласачите туку и од симпатизерите на партијата. Во периодот што следи длабоко ќе анализираме што е причина за ваквиот пораз. Сдсм мора да погледне внатре и да види кој се слабостите во последните 4 години, ако не и во последните 7 години. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати и посериозно и подлабоко мораме да го најдеме изворот за овој поразителен исход. Не сакам да посочувам виновници. сите имаме одговорност, како партиските функционери на локално и централно ниво. СДСМ ќе треба добро да погледне внатре и да размисли што направивме и кои се слабостите.“, вели Ковачевски.

„ Повикувам на нови избори на сите партиски тела почнувајќи од претседателот на партијата па се до сите органи во партијата“, рече Ковачевски.

Ковачевски вели дека вистината е дека актуелниот систем во кој живееме повеќе води сметка за ПР отколку за суштина. И граѓаните не веруваат во ништо. Корупцијата на секое ниво, лични интереси, низок економски раст, непотизам, бизнис интереси се само дел од дефектите на системот и мора да се промени, вели Ковачевски.

Тој рече дека покажале дека се државотворна партија, и дека не ги бојкотирале претседателските избори и оти докажале дека Македонија им е поважна,односно дека овозможиче да има цензус на изборите за претседател.

„ СДСМ повторно покажа државотворност и одговорност по стоти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади на ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Не паднавме во таа замка. Покажавме дека Македонија ни е поважна, секогаш ќе биде така. “, вели Ковачевски .

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните