Ковачевски-фон дер Лајен: Брисел силно го поддржува дијалогот Скопје-Софија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

„Претседателката на ЕК фон дер Лајен, на премиерот Ковачевски му изрази благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Воедно, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции.

И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се наметна како приоритет, премиерот Ковачевски информираше дека владите на Северна Македонија и Бугарија се посветени и активно продолжуваат со дијалогот за изнаоѓање решенија и резултати за време на француското претседателство со ЕУ“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува построги правила за социјалните мрежи за заштита на децата

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини на автомобили

Маѓар разговараше со Фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: Исклучително успешно!

А1он

Фон дер Лајен: Војната во Иран ја чини ЕУ 500 милиони евра дневно

А1он