Ковачевски: Фер внатрепартиски систем каде сите напредуваат согласно придонесот

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Куманово одржа средба со членовите на раководството на СДСМ каде ја презентираше програмата и визијата за СДСМ. На средбата присуствуваа и членови на раководствата од Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и Арачиново. Тој истакна дека резултатот на изборите покажал дека СДСМ мора да ги менува работите.

„Многу е важно да го зајакнеме единството и да го мотивираме секој член да се приклучи на промените. Секој член и поддржувач да ја врати довербата во партијата. Да го разбереме незадоволството и причините и да се менуваме“, истакна Ковачевски.

Тој посочи дека СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува. На локалните избори, рече Ковачевски, дека се намалил коалицискиот потенцијал на партијата, но се случиле и внатрешни несогласувања што резултирале со поделби. Тој рече таквите грешки не смеат да се повторат и дека единството е клучот за успех.

„Потребен ни е јасен и фер внатрепартиски систем каде луѓето се почитувани и наградувани согласно придонесот. СДСМ мора да е препознаен преку чесни, посветени и ангажирани луѓе, а посветеноста и одговорноста на секој да биде единствено мерило за напредок“, заклучи Ковачевски.

Ковачевски истакна дека добрите политики на Владата на СДСМ мора да продолжат бидејќи се решиле децениски проблеми, додека квалитетот на животот на многу граѓани е значително унапреден со покачување на платите и приходите.

„До сега Владата на СДСМ направи крупни промени и реши децениски проблеми. Се грижевме за сите граѓани, ги покачивме платите и изградивме фер социјален систем. Овие добри политики мора да ги продолжиме и унапредиме“, рече тој.

Ковачевски во следните денови ја продолжува кампањата во сите поголеми градови ширум државата каде ќе се сретне со голем број на членови и приврзаници на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата