Ковачевски: Европскиот проект е најважен за иднината на државата, да не подлегнеме на провокациите

Од:

„Во 2023-та година продолжуваме со стратегискиот пристап и бројните планирани проекти за коишто отворивме нови можности. Но, најважниот проект за иднината на граѓаните и на државата е европскиот проект, за којшто исто така отворивме можности и којшто отвора пат за ефикасна реализација, според европски стандарди, на сите други проекти. За таа цел, повикувам на одговорно однесување, во име на добрата иднина на сите и на нашата држава“, порача премиерот Димитар Ковачевски, во обраќањето со кое ја отвори Годишната конференција „Година на нови можности“.

Ковачевски, посочи дека новите исчекори во реализацијата на оваа стратешка цел овозможуваат натамошни инвестиции и квалитет на живот каков што очекуваат граѓаните.

„Инвеститорите сакаат сигурност и предвидлива клима за инвестирање. А инвестициите и новите работни места се резултат на храбрите и мудри одлуки што ги донесовме кога Република Северна Македонија стана членка на НАТО. Ја осигуравме безбедноста на државата и како што рековме, овој чекор веќе придонесува и на економски план – и тоа во специфичното време во кое живееме. Напредокот на државата дополнително ќе го осигураме со европските интеграции и членството во Европската Унија“ рече македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски