Ковачевски – Едштадлер: Евроинтеграциите на Македонија се потребни за стабилноста на регионот и ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со Каролина Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ на Република Австрија.На состанокот е разговарано за предизвиците од војната во Украина, значењето на евроинтеграциите и можностите за унапредување на добрата билатерална соработка.Заедничка е осудата на руската агресија во Украина информираат од прес службата на Владата.

Било констатирано е дека интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е од значење за стабилноста и безбедност на регионот, но и на Европа и дека сега е моментот за исчекор. Во таа насока, изразена е целосна поддршка од Австрија за европските аспирации на нашата држава.

Ковачевски се заблагодарил за големата и пријателска поддршка од Република Австрија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија и како држава којашто е меѓу најголемите инвеститори во земјава.

„Ги споделуваме вредностите на ЕУ, членка сме на НАТО, се поставивме целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ во однос на војната во Украина, отворено ја дадовме потребната помош на Украина, подготвени сме да прифатиме и евентуални бегалци од државата. Во исто време донесовме антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите, ги решаваме предизвиците со енергијата и обезбедувањето храна, разговараме и со Бугарија за можните решенија. Европските интеграции на Северна Македонија и на Албанија се потребен сигнал за целиот регион и важни за стабилноста во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата е разговарано и за можностите за унапредување на трговијата меѓу државите, како и за натамошниот развој на односите меѓу двете земји и во други области од значење за граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски