Одлуки на Уставен суд се конечни, но тоа не значи дека ќе се зголемат платите на сите лица, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан дали Владата ќе се откаже од покачувањето на платите кое им следува по одлуката на Уставен за зголемување на основицата за плати на именуваните и избраните функционери.
– Доколку Уставниот суд ги поништеше спорните членови од Законот за плата за пресметка на платире на функционерите, тоа ќе значеше дека на сите избрани и именувани функционери во изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите во плата што ќе беше трошок на буџетот од 100 милиони евра.
Иако согласно одлуката на уставниот суд основицата се зголемува, Владата работи на нов закон за плати со кој ќе се стави конзистентност во исплатите. Има разни агенции и државни тела кои пресметуваат плата по различни методологии и некои плати на директори се повисоки од платите на пратениците – рече премиерот.