Ковачевски: Декларацијата за права на малцинствата на ОН е секојдневна пракса, создаваме еднакво општество за сите

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Генералната дебата во ООН во Њујорк учествуваше и се обрати на Состанокот по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата.

„Цврсто сум уверен дека унапредувањето на едно право, што не загрозува друго право, може само да ѝ користи на една држава што е посветена кон мирен развој. Мирот никогаш не треба да се гледа како крајна дестинација.

Мирот е пат со многу кривини; мирот се добива со заедничко чекорење по овој пат во секојдневието; тоа е пат по кој луѓето кои живеат во населба, во заедница, во општина, во држава, треба да го врват заеднички; тоа е пат на кој треба да напредуваме во заедништво, сите ние тука во оваа просторија, сите низ целиот свет“, рече премиерот Ковачевски.

„И го велам ова затоа што денес сум тука во името на мојата татковина, Република Северна Македонија, која денес е пример за функционална мулти-етничка држава и претставува фактор на стабилност на Западен Балкан што најмногу се должи на концептот „Едно општество за сите“ кон кој се стремиме и го спроведуваме без предрасуди. Ова е концепт заснован на начелото на еднакви права и должности за сите граѓани, начело што Владата и поголемиот дел од граѓаните на Република Северна Македонија го поддржуваат.

Овие граѓани се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други граѓани кои живеат во Република Северна Македонија и кои според највисокиот законодавен документ, нашиот Устав, имаат еднакви слободи и права, без разлика на нивната национална, етничка, верска или друга припадност.

Нашиот образовен систем гарантира и нуди образование за лицата што припаѓаат на етничките заедници на нивниот мајчин јазик, на сите нивоа на образованието, почнувајќи со основното.

Усвоените законски измени и примената на начелото на еднаква застапеност им овозможија на лицата што припаѓаат на етничките заедници да бидат вклучени во сите области на општествениот живот, како што се локалната самоуправа, Собранието, правосудниот систем, како и телата на извршната власт“, кажа Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Ковачевски: СДСМ со граѓанското општество направи многу исчекори, заеднички ќе ја исполниме и целта за членство во ЕУ

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечната плата од 1300 евра и 800 евра минимална плата

Катерина Ѓуровски