Ковачевски: Членството во ЕУ носи уште повисоки плати и подобар животен стандард, за тоа се бориме

Од:

Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна и што е многу важно, има извесна европска иднина. Членството во ЕУ значи економски просперитет, повеќе инвестиции и подобро платени работни места, повисоки плати и подобар животен стандард, ние за тоа се бориме, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворање на канцеларијата на СДСМ во центарот на Скопје.

-Членството во ЕУ значи економски просперитет, повеќе инвестиции и подобро платени работни места, повисоки плати и подобар животен стандард. Значи владеење на правото и далеку поефикасна борба со корупцијата, поефикасни државни институции. Ние за тоа се бориме. Токму затоа, нашиот стремеж е да ги достигнеме стандардите на земјите – членки на ЕУ и другите земји од западниот свет, за да ги задржиме нашите млади луѓе дома, во Македонија, рече Ковачевски.

Економскиот раст и животниот стандард директно зависат од економската размена со ЕУ како наш најголем партнер, и од продолжувањето на преговорите за полноправно членство кои нѝ носат повеќе европски фондови, додаде Ковачевски потенцирајќи дека прекинот или застојот во преговорите значи и прекин и застој на економскиот раст и растот на платите, пензиите и животниот стандард.

-На овој народ не му треба тоа, нема нови години за губење. Не му треба нова изолација, ниту враќање назад. Имаме историска шанса да продолжиме по европскиот пат за полноправно членство во ЕУ до 2030 година! Ова ќе биде пресудна година за остварување на оваа државничка цел и јас ви ветувам дека ќе биде успешна година! Ќе биде година на европска Македонија! СДСМ ќе го има победничкиот кандидат за претседател. На 8 ми мај, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја формираме новата проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он