Ковачевски без конкретен став за случувањата во Судски совет: Ги делам размислувањата на холандскиот и американскиот амбасадор

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, каде со пресуда на Управниот суд, во претседателското столче треба да се врати Весна Дамева, која во април минатата година беше разрешена од функцијата.

„Во однос на Судскиот совет, ги делам размислувањата на холандскиот и американскиот амбасадор“, рече кратко Ковачевски.

Холандскиот амбасадор непосредно по разрешувањето на Дамева изјави дека за него, Судскиот совет станал нелегитимно тело, а американската амбасадорка испрати низа пораки со критики кон Судскиот совет и неговото функционирање.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието