Ковачевски – Агелер: Се зацврстува партнерството со САД, треба да се задржи европскиот правец

Од:

Претстојните активности кои ги очекуваат двете земји, во насока на зацврстување на партнерството и реализирање на заедничките приоритети, со акцент на неколку конкретни области, биле разгледани на состанокот на премиерот Димитар Ковачевски со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Ковачевски и Агелер, како што соопшти владината прес-служба, потенцираа дека стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД е во фаза на унапредување, преку зајакнување на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог и дека оваа динамика е поврзана со прогресивните политички определби на државата.

-Во тој контекст, реафирмирана е силната поддршка од САД во процесот што треба да овозможи севкупен напредок на земјата, а посебно на планот на евроинтеграциите, за што заеднички беше оценето дека е неопходно да се одржи европскиот правец и дека претстојниот чекор во Собранието на Република Северна Македонија е од клучна важност за тоа, се наведува во соопштението.

Ковачевски и Агелер го споделиле ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во овој момент, за да се осигура европската иднина на македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

А1он

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Агелер: Не сум изненадена од името на Груби на „црната листа“ на САД

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Катерина Ѓуровски