Ковачевски-Агелер: Продолжува силното стратешко партнерство меѓу С. Македонија и САД

Од:

Претседателот на Владата на С. Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Како што информираат од Владата, на средбата било потврдено долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Северна Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните.

Исто така, на состанокот се разговараше и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со корупцијата. Амбасадорката на САД, Агелер потенцираше дека намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Според неа, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст.

Премиерот Ковачевски посочи дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

А1он

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Агелер: Не сум изненадена од името на Груби на „црната листа“ на САД

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Катерина Ѓуровски