Ковачев: Сестринските партии од ЕПП му порачаа на Николовски дека се разочарани од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски му биле пренесени пораки оти сестринските партии се разочарани од однесувањето на партијата и побарале таа да каже која е алтернативата што може да ја понуди. Пораката, како што појаснува тој во интервјуто за 1ТВ, на Николовски му била пренесена на конференцијата за Западен Балкан на која присуствуваа десничарските партии од Европа, сестрински на Европската народна партија, каде тој беше преставник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јасно кажавме дека не го разбираме и не го поддржуваме тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и на тој начин ја блокира иднината на РМ кон интеграција во ЕУ. Не можеме да го разбереме тој план Б или алтернативата дека можат да направат друг договор со Грција. Ние и мнозинството во ЕПП сметаме дека тоа е нереално и не може да доведе до ништо добро за иднината на Македонија. Разочарани сме од таквото однесување на опозициската партија. Тоа го кажа нашиот претседател Жозеф Дол во неговото обраќање пред неколку дена и тоа беше потврдено на средбата во ЕП во говорите на Алојз Петерле, Едвард Кукан, во мојата изјава и на многу други колеги, вели Ковачев.

Според него, парадоксално е тоа што имало претставници Нова Демократија од Грција, кои сметаат дека Ципрас му дал се на Заев, а ВМРО-ДПМНЕ во Македонија смета дека Заев му дал се на Ципрас.

– Тоа е парадокасална ситуација и покажува дека постигнатиот компромис е најдобриот што може да се постигне, вели Ковачев во интервјуто за 1ТВ.

Би можело да ве интересира

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери