Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Од:

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави европратеникот и еден од најголемите поддржувачи за пристапување на РС Македонија во ЕУ, Андреј Ковачев.

Причината за неговиот коментар според написот е „хистеричната изјава на Мицкоски дека Македонија ќе биде распарчена во Софија викендов“.

„Христијан Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички поени со измислиците што ги зборува. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост“, рече Ковачев.

Тој потсети дека во 2001 година Бугарија стоеше цврсто зад Македонија, поддржувајќи го нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

„Бугарија е една од првите што го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО со цел да биде геостратешки и политички Македонија во евро-атлантската заедница и заштитена. Бугарија подава, пружа и секогаш ќе пружи рака за братска помош на своите најблиски“, рече европратеникот од Европската народна партија.

Ковачев повтори дека Софија во никој случај не го доведува во прашање современиот македонски идентитет и како луѓето денес го именуваат својот јазик.

„Никогаш не сме го довеле во прашање тоа. Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за да не не раздели и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето. Ова е длабоко европско барање, тоа е основа на Европската унија“, рече тој.

Според него, ништо не е изложено на ризик.

„Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамe Груев од Македонија, бидејќи тоа е заедничка историја. Тоа е заедничка, но не е поделена како што сака Мицкоски. Тој директно се изјасни против Договорот со Бугарија и Грција, за да не се почитуваат. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани“, нагласи Ковачев, додавајќи: „Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, не можеме да не го покренеме ова прашање заради неговите повици против Бугарија и да не се почитуваат договорите“.

Ковачев е крајно изненаден од зборовите на Мицкоски, кој е лидер на партијата која го носи името ВМРО.

„Ова е фарса, не може да биде водач на партија кој тврди дека го започнала своето постоење во 1893 година и да биде наследник на БМОРК, ВМОРО и ВМРО, а во исто време да проповеда се што е против организацијата и нештата за кои оваа историска организација се борела во текот на своето постоење, кога нејзини водачи беа Гоце Делчев, Даме Груев, Христо Татарчев, Тодор Александров, Иван Михаилов и други“, рече бугарскиот европратеник.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов