Ковач: Да беше Македонија барем во НАТО, поинаку ќе го решававме проблемот со бегалците

Од:

Да влезеше Република Македонија во НАТО, сега поинаку ќе го решававме проблемот со бегалците, истакна денеска министерот за надворешни рбаоти на Хрватска, Миро Ковач, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел по денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија за изјавата на македонскиот претседател Ѓорге Иванов дека „ЕУ не и помогнала ниту со еден цент на Македонија“ во однос на бегалската криза.
 
Шефот на хрватската дипломатија, како што рече, има податок дека Унијата, сепак и помогнала на Македонија, но посочи оти го разбира раководство на македонската држава зошто не е задоволно и дека затоа Македонија треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ.
 
– Пред некој ден видов дека е излезен податок што покажува дека на Македонија, сепак и се помага. Значи Европската унија и помага финансиски на Македонија. Но, независно од тоа, јас ги разбирам Македонците, го разбирам македонското државно раководство дека не е задоволно, бидејќи ние сакавме Македонија да влезеше во НАТО-сојузот што на жалост не се случи. Затоа, мислам дека би било важно Македонија конечно да ги започне преговорите за членство во Европската унија, дециден е Миро Ковач. 

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина