Котромановиќ: Македонија одамна требаше да биде членка на НАТО

Од:

Хрватска секогаш ќе ја поддржува Македонија во нејзините напори да стане членка на НАТО, изјави хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ кој денеска престојува во официјална посета на Македонија.

По средбата со неговиот македонски колега Талат Џафери, тој истакна дека зачленувањето на Македонија во НАТО е важно не само за самата држава, туку и за сигурноста и стабилноста на целиот регион.

– Хрватска како членка на НАТО и многу скоро и членка на Европската унија ќе ја поддржува Република Македонија во нејзините евроатлански интергации. Ние тоа секогаш сме го правеле и ќе го правиме. Сметаме дека е многу важно заеднички да работиме како што тоа го правиме во Авганистан. Вашите војници се цврсти, подготвени, ја знаат работата и одамна требаше да бидете членка на НАТО, рече Котромановиќ.

На средбата двајцата министри разговарале за продлабочување на соработката, а биле разгледани и можностите за заедничко продолжување во партиципирањето во ИСАФ мисијата во Авганистан, односно во постоперациите кои ќе следат по 2014 година, како и за развојот на одбранбената способност на двете држави.

Македонскиот министер за одбрана изрази подготвеност за учество во заедничките мисии со Хрватска.

– Фактот што двете држави немаат отворени прашања меѓу себе, ни ја олеснува можноста како министерства и како армии да придонесуваме кон напорите за заедничко делување кон Европа кон која тежнееме сите да бидеме членки. Како Министерство сме горди што во форматот А3 што го изодевме, Република Хрватска и Република Албанија станаа членки на НАТО. За нас тоа е поттик да ги одржуваме сите оние констатирани придобивки и вредности што сме ги вградиле во нашиот систем, во нашата армија, истакна министерот Џафери.

Хрватскиот министер за одбрана претходно се сретна и со премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Путин: Не туркаат кон црвената линија, ќе мора да одговориме

Руте: Не сме подготвени за тоа што Путин го подготвува

Зеленски: Додека не влеземе во НАТО, може да дојдат странски трупи за да гарантираат безбедност за Украина

ВИДЕО: Трамп го кажа условот за САД да останат во НАТО

Катерина Ѓуровски

Украина испрати ултиматум до НАТО во врска со нејзиниот прием

Муцунски: Прерано е да се дискутира за прием на Украина во НАТО

А1он