Котевски: Нема „наша“ и „ваша“ матична евиденција

Од:

Директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски во отворено писмо за обвинувањата во некои албански портали и медиуми дека отвора услужни канцеларии во општини со доминантно македонско население, а ги запоставува општините со албанско население, наведува дека месни канцеларии на Управата има и во Сарај, Арачиново, Студеничани, Чаир, Сингелиќ, Буковиќ, Радуша и Рашче каде што се водат матичните книги за жителите на овие места, а добар дел од нив се албанско население.

Управта за водење на матичните книги, како што е посочено во писмото, е релативно нова институција која функционира веќе седум години и нејзина надлежност е водењето на матичните книги на родени, венчани и умрени за сите граѓани на Република Македонија, издавање изводи како и останати документи кои произлегуваат од матичната евиденција. Управата функционира на целата територија на државата преку осум подрачни одделенија, 26 подрачни канцеларии и 132 месни канцеларии.

– За оние кои критикуваат, а не се упатени и информирани, треба да се истакне дека на територија на Град Скопје имаме 17 матични подрачја- месни канцеларии кои ги опслужуваат граѓаните на Скопје и околните места. Па да кажеме дека постојат и месни канцеларии во Сарај, Арачиново, Студеничани, Чаир, Сингелиќ, Буковиќ, Радуша, Рашче каде се водат матичните книги за населението на овие места, а добар дел од нив се албанско население. Во општина Чаир од мала и неугледна канцеларија, матичната евиденција сега функционира во две канцеларии и се прават преговори со Општина Чаир салата за венчавки постојано да биде отворена за склучување на бракови во свечена атмосфера, наведува во писмото Котевски.

Додава дека во сите овие матични подрачја граѓаните и порано и сега добиваат изводи од матичната евиденција. А сега и овие места се електронски поврзани со Информатичкиот центар на Управата каде многу брзо може да се добие извод од матичната евиденција, без оглед каде лицата се родени или венчани во Република Македонија.

– Доколку „душегрижниците“ не се информирани, треба да знаат дека изводи од матичната евиденција може да добија и доколку аплицираат по електронски пат од дома или работно место и најдоцна за 72 часа изводите да ги добијат на домашна адреса преку пошта, истакнува Котевски.

Би можело да ве интересира

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Уставниот суд ги поништи изводите со графата националност

Орце Костов

Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска, очекувам Уставен суд да го укине Упатството за матични книги

Орце Костов

Уставен суд ќе ја оценува уставноста на Упатството за водење на матични книги

„Стани Бугарин за само 250 денари“: Во новиот извод ќе може да се впише и етничка припадност

Орце Костов

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски