Котевски: Имаме сознанија и предупредивме на одмазднички акции за Куманово

Од:

Имаме оперативни сознанија дека одредни поддржувачи на терористичката група која беше ликвидирана во Куманово, имаат планови за киднапирање функционери на Министерството за внатрешни работи и напади на витални државни институции, за што испративме инструктивна телеграма до раковдните лица во полицијата за зголемување на мерките за безбедност, изјави за „Мета“, помошник-министерот за внатрешни работи, Иво Котевски.

– Ги имаме тие оперативни сознанија и врз основа на нив, ја испративме таа инструктивна телеграма. Продолжуваме да ги проверуваме сите сознанија и да се подготвуваме за сите можни предзвици. Во тие рамки, издадени се упатства за обезбедување на лицата и на објектите за чија безбедност е задолжено Министерството за внатрешни работи, за постапување и за ракување со службената опрема и со возилата и насоки во однос на обезбедувањето и патролирање на северната државна граница – вели Котевски.

Според неофицијални информации, изминатите денови единиците и секторите на МВР биле ангажирани и имале активности со резервниот состав на полицијата, во чии рамки на резервистите им било посочено да бидат подготвени да ги преземат надлежностите на полицајците од редовниот состав во градовите, во случај тие да бидат прераспоредени на задачи на друго место.

На прашање на „Мета“ дали овие активности се дел од превентивните мерки по добиените оперативни сознанија за можни одмазднички акции, Котевски без конкретен одговор, ниту ги потврди ниту ги демантира овие информации.

– Детали во однос на мерките не откриваме – вели Котевски.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена