Котески во Брисел: Македонската војска останува во Авганистан

Од:

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Горанчо Котевски, денеска ја заврши својата тридневна работна посета на Брисел, каде учествуваше на состанокот на Евроатлантскиот партнерски воен комитет во сесија на началници на генералштабови (ЕАРМС/ЦС) во НАТО.

Како што јавува дописникот на МИА од европската престолнина, на вчерашниот состанок армиските лидери расправаа за операциите на Алијансата во ИСАФ-мисијата во Авганистан и идното учество на НАТО во изградбата на безбедноста во оваа земја за периодот по 2014 година, кога е најавен крај на мисијата, како и обуката на авганистанските безбедносни сили.

На овој состанок било разговарано и за подготовка за поддршка на претседателските избори во 2014 година во Авганистан и истовремено повлекување на силите што треба да се вратат, вклучувајќи ги и нашите, па за безбедноста да продолжат да се грижат околу 300-те илјади авганистански сили за безбедност.

Во новата постконфликтна мисија на Алијансата во оваа земја, АРМ најави и свое учество, со тоа што во тој случај нема да има само потреба од воен персонал, туку и за обука на дипломати, цивилна полиција итн, односно еден поширок спектар на ангажирање на сили во постконфликтен период со цел општество да почне да функционира.

За Македонија е најважно да изврши вистинска проценка и подготвителен план за повлекување на моменталните сили во ИСАФ и добивање на потребни побарувања за способносни капацитети за Мисијата, за тоа каде може партнерите да се вклучат во периодот по 2014 година.

– Во досегашниот период, ние успешно ги извршивме поставените задачи во Авганистан. Македонија придонесе за глобалниот мир и стабилност, иако сме мала земја и армија. Сега, превземаме мерки за успешно повлекување на нашите сили од ИСАФ-мисијата и наше понатамошно ангажирање во идната мисија по 2014 година во Авганистан, изјави генерал-мајор Котески за МИА.

Инаку, како што е познато, македонските војници во Авганистан ја обезбедуваат Главната команда на ИСАФ-мисијата во Кабул, а придонесуваат и со штабен персонал во тимовите за обука и асистенција на авганистанските безбедносни сили во Мазар-ен-Шариф и Мајмана.

На состаноците на армиските лидери се разговараше и за асиметричните закани и заштита на армиите во сајбер-војни, за што презентација вршеше поранешниот протпарол на НАТО, Џејми Шеј. Денеска се одржа и расправа за НАТО-мисијата КФОР на Косово, каде македонската армија учествува со Координативен центар во Скопје со старешини кои го контролираат влезот и излезот на конвои и следење и пратење за поддршка на силите на Косово.

На маргините на овие состаноци, првиот човек на АРМ имаше и билатерални средби со началниците на генералштабовите на грчката, турската, словенечката, хрватската и српската армија, како и со шефот на американската војска, генерал Мартин Демпси.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација