Котески-Диковиќ: АРМ и војската на Србија да бидат фактор на стабилност во регионот

Од:

Со денешната средба се отвора нова страница во натамошната соработка на двете армии за градење на доверба и не само на армиите, туку и помеѓу Македонија и Србија, оценија началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајот Горанчо Котески и началникот на војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ, кој ја предводи делегацијата на војската на Србија што е во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Билатералната воена соработка меѓу армиите на Македонија и на Србија, констатираа Котески и Диковиќ, се одвива во нагорна линија, како важен услов за развој и на добрососедските односи на двете земји.

Двајцата изразија надеж дека АРМ и војската на Србија во иднина ќе бидат фактор за стабилност во регионот.

– Со оваа средба сакаме да дадеме позитивен импулс во понатамошната соработката и на стабилноста во Регионот и пошироко, изјави по средбата началникот на ГШ на АРМ, Котески.

На средбата генерал-мајор Котески и генералот Диковиќ се договориле во рамки на продлабочување на воената соработка да користат заеднички капацитети во делот на обуката на единиците во Македонија и во Србија.
АРМ го нуди полигонот Криволак, Центарот за медицинска обука и Регионалниот центар за комуникација, додека српската војска ќе овозможи обука на специјалисти во делот на логистиката, од родот на АБХО (атомско, биолошко и хемиско оружје) во Крушевац, како и обука за одржување на воена опрема.

Разговарано е и за размена на искуства од учеството во мировните операции, Србија за меѓународни операции предводени од ОН, а Македонија за мултинационални операциа предводени од НАТО и од ЕУ.

Како што информираше Котески, договорено е и АРМ и војската на Србија, како придонесувачи во делот на формирањето на заедничките медицински-воени балкански сили, да ги здружат капацитетите за одредени прилики во регионот и пошироко.

Делегација на војската на Србија, предводена од началникот на ГШ на војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ, иако беше најавено, не оствари средба со министерот за одбрана Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски