Костовски: Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел

Од:

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел.

Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.

– Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.

Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

Би можело да ве интересира

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО

Маж e измамен за околу 28.700 евра од лажен службеник во државна институција