Костовски нов претседател на ОО на СДСМ во Куманово

Од:

Новиот претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски искажа благодарост за довербата која што ја доби.

-Застанувањето на чело на една ваква општинска организација е голема обврска и задоволство, но истовремено и одговорност. Без оглед на моменталната состојба, нема кој друг да ни помогне освен ние самите, нема ништо друго да ни даде мир, освен победата на социјалдемократски принципи – истакна Костовски.

Тој додаде дека во наредниот период ОО на СДСМ ќе се води по социјалдемократските принципи на слобода, еднаквост и солидарност.

– По нив ќе ги креираме идните политики на нашата партија. Ќе ги следиме сите процеси, ќе бидеме присутни секаде каде што сме потребни и каде што се носат важни одлуки и ќе дејствуваме со правовремени решенија-нагласи новиот претеседател.

Костовски доаѓа од функцијата секретар во СДСМ, а претходен претседател на ОО на СДСМ беше лекарот, Снежана Захариева.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените