Костовски: Не сум имал физички контакт со учесниците на протестот во Куманово

Од:

Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски на денешната прес-конференција негираше дека имал физички контакт со учесници во вчерашниот протестен марш организиран од иницијативата „За заедничка Македонија“ на улицата „Илинденска“.

– Ниту сум имал физички конаткт, ниту некој бил удрен и повреден, а не може да постои физички напад, ако нема физички контакт. Одговорно тврдам дека имаше само вербална расправа помеѓу мене и протестантите, изјави Костовски.

Нагласи дека не е вистина оти пцуел „мајка македонска“.

– Јас сум Македонец, мојата мајка е Македонка, роден и образуван во Македонија, живеам во Македонија, моето семејство се Македонци“, рече Костовски и истакна дека е патриот кој, како што истакна, се бори за слободна, демократска и среќна Македонија.

Тој обвини дел од медиумите дека го злоупотребиле неговото име, квалификувајќи го како провокоатор и насилник. Нагласи дека е демократ по убедување и го поддржува правото на протест и слободен говор, но не и „спинување и минтирање на невистини“.

Костовски истакна дека остава МВР да го расветли случајот и дека вчера бил повикан на разговор и дал исказ на немилиот инцидент.

Од МВР денеска информираа за настанот кој се случил вчера во 19:45 часот пред кафе барот „Корзо“ на улицата „Илинденска“,кога како што соопшти МВР, Р.Ц и Н.М со своите трактори поминувале по завршување на протестот. Тие биле пресретнати од М.К кој првин со раце удирал по тракторот на Р.Ц, а потоа се упатил кон вториот тракторист Н.М кого го фатил за јакна и го влечел и како што нагласија од МВР го удирал во пределот на главата. СВР Куманово излегло на местото на настанот и констатиран е прекршок по член 12 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски