Костовски: Лага се коментарите дека одземената јахта сум ја купил на лизинг и не сум ја исплатил

Од:

„Јахтата која ги разбранува социјалните мрежи ми беше одземена согласно законските прописи, но сметав, а и сега мислам дека прекршокот не беше таков за да не може да го надоместам, а јахтата да не ми биде експресно одземена“, вели во денешната реакција бизнисменот, поранешен пратеник и екс-градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, пренесе Либертас.

– Тоа, тврдам дека е направено по налог на одредени структури во власта, и сега таа е сопственост на МВР. Бидејќи е од луксузен тип, сигурно дека се користи за шетање на ВИП личности. Шпекулациите на еден портал и некои злонамерни коментари дека сум ја купил на лизинг на име на моја фирма во Австрија па без да ја платам сум ја потонал и сум ја донел во Охридското езеро ги отфрлам со индигнација. Ја купив и ја платив со мои пари, се друго е лага. Ме чуди што од се што кажав во подолгото интервју за угледниот хрватски магазин Бизнис пипл, толку голем интерес предизвикаа неколкуте реченици кои ги кажав на прашање на новинарот за јахтата што ми беше одземена – вели Костовски.

Би можело да ве интересира

Грузија: Меѓу руската прегратка и евроатланските амбиции

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Животните мудрости на големите и силни жени

Емир Латифовиќ

Најмалку 11 загинати откако автобус удри во постојка во Анкара

Емир Латифовиќ

20-километарска колона возила во Унгарија, по зајакнатата контрола на австриската граница

Емир Латифовиќ