Костовски: Антикорупциска и Обвинителство да го испитаат случајот со семејната куќа и имотот на Мицкоски

Од:

„Повеќе медиуми во изминатите неколку денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле. Според нивни проценки, куќата е вредна над 1 милион евра. Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото потесно семејство имаат броен недвижен имот на повеќе локации, во Скопје, Охрид и Црна Гора“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Очекуваме Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста за овие информации, за куќа на блиско семејство и за информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите.

Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство? Како со просечни професорски плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора? Јавноста знае за кавгата за тендери во Скопје, знае дека Мицкоски беше директно обвинет од Данела Арсовска за раце во медот.

Исто така јавноста знае дека во тек е истрага за случајот Делчевски ниви, во којшто постои основано сомневање за вмешаност на лица од ВМРО-ДПМНЕ и случајот води директно до Белиот дворец.

Оттука, имајки ги предвид сите овие информации, повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија, Обвинителство, по допрен глас, да ги истражат наводите за имотот на Мицкоски и да ја информирата јавноста“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион