Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Од:

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, најостро го осуди денешниот инцидент на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа нападнати младински спортисти на фудбалски натпревар.

„Додека Панче Тошковски му тера кампања на Орце Ѓоргиевски, на нас штипјани денеска децата ни ги сокршија од ќотек на стадионот Бело Брдо. Нов ден, нов крах на безбедноста под водство на најнеспособниот министер за внатрешни работи во историјата на самостојна Македонија!

Најостра осуда за денешниот инцидент на натпреварот меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“! Додека Тошковски се слика, младите спортисти немаат минимум безбедност, ниту можност за непречено спроведување на обичен фудбалски натпревар.

Ништо од големите ветувања на ДПМНЕ и Мицкоски. Кога среде Штип ни ги сокршија децата од ќотек, што останало за безбедноста на ниво на цела држава. Со ваква партизирана полиција, водена само за остварување на тесните интереси на неколкутемина дпмне-вски челници и нивни соработници од подземјето, безбедноста ја снема од македонската реалност. И по кој знае кој пат бараме оставка од Тошковски! Тоа е најмалку што може да го направи“ стои во објавата на Костова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар