Костов: Празнувајте и држете дистанца колку и да звучи чудно, најмногу од починатите се невакцинирани

Од:

На почитување на мерките за време на празниците и во рестораните, но и при дружби по дома апелираше денес директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов. Изминативе два месецa кај нив имало по педесетина заболени од коронавирус, кои биле на кислородна поддршка или на респиратор и очекува по празниците оваа бројка да не се зголеми значително.

„Знам дека доаѓаат празници и апелирам, колку и да звучи чудно, луѓето да не се групираат. Секоја кафеана има протокол, може да влезат само вакцинирани лица, има протокол за максималниот број на гости и сметам дека сите треба да ги почитуваат протоколите и пропишаните мерки и за кафеанското работење, но и за дружбата по дома со цел да немаме поголем број заболувања од Ковид – 19“, рече директорот Костов.

Тој уште еднаш укажа на важноста на вакцината за заштита од Ковид-19.

„Најголем процент од болните кои завршуваат со летален исход се невкцинирани пациенти. Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината“, апелира директорот Костов.

Во „8 Септември“ одделот за интензивна нега е постојано полн со пациенти. Директорот Костов вели дека кај нив доаѓаат главно пациенти кои веќе биле сместени во некоја друга здравствена установа, но им се влошила клиничката слика.

Старосната граница била од 30 години нагоре.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска