А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Костадиновски: Законодавецот ги ограничил правата на граѓаните со измените на Изборниот законик

by А1он26/02/2025 - 16:00236
Share0

Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик. Претседателот Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Станува збор за сомнеж на Уставниот суд во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална така и од неговата материјална страна. Од аспект на две темелни вредности, владеењето на правото и политичкиот плурализам, повреда на принцип на еднаквост на граѓаните како и од аспект на членовите 22 и 23 кои го уредуваат еднаквоста на избирачкото право и пристапот на граѓаните, секој има право да извршува јавна функција, рече тој.

Оваа одлука, според претседателот на Уставен суд, е особено важна, бидејќи по долго време, Уставниот суд, како што рече, почна да ја цени формалната уставност на законите, односно постапката за нивно донесување.

-Досега, судот го оценуваше формалниот аспект само во однос на потребниот број на гласови, но со оваа одлука се навлезе подлабоко во постапката, појасни тој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Костадиновски изрази надеж дека оваа одлука ќе доведе до уставно подисциплиниран законодавец, затоа што, како што потенцираше, многу е важно на каков начин и во каква постапка се носат законите. Според него, не е спорно правото на законодавецот да нормира, но постапката мора да биде транспарентна и да ги почитува правните принципи.

-Измените на цензусот, направени во нетранспарентна постапка, ја повредуваат правната сигурност и предвидливост, кои се фундаментални принципи за владеење на правото. Отсуството на јавна и експертска расправа дополнително ги компромитира измените, кои се спротивни на меѓународните стандарди. Според овие стандарди, не е препорачливо најмалку една година пред избори да се прават суштествени измени, рече Костадиновски, заклучувајќи дека законодавецот ги ограничил правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции со овие измени.

Одлуката следува по Иницијативата со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, а во која подносителите сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници.

Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што, според нив, предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите.

Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи.

Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

darko kostadinovskiustaven sud

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски12/08/2026 - 12:0112/08/2026 - 14:32

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 11:30

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 15:2507/08/2026 - 15:25

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:0007/08/2026 - 11:37

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија

Горан Наумовски29/07/2026 - 16:11

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата

Горан Наумовски16/07/2026 - 13:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео