Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена

Од:

Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ синоќа на Гумење во Крушево, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“ и официјално почна чествувањето на големиот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

На отворањето на манифестацијата на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република порача – „Крушево одново сведочи на нашиот копнеж, на нашата битка до последен за слобода, на нашиот глас до светот дека ние Македонците сме жедни за своја Татковина и дека и ние Македоците имаме право на неа.

-Под бајракот на скапо платената слобода, продолжуваме да ги чуваме и реализираме вредностите на двата Илиндена, 1903 и 1944 година. Нашите илинденци, нашите партизани се најсветиот дел од нашата историја, од нашиот идентитет, рече Костадиновска -Стојчевска од Крушево.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево за присутните реализираше богата програма и целовечерен концерт на повеќе изведувачи.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Горан Наумовски

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

Горан Наумовски

Бисера Костадиновска со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

Лефков: Другарка на Бисера Костадиновска го резервирала луксузниот стан во Виена платен со службена каричка

Катерина Ѓуровски