Костадиновска Стојчевска: Над 760 милиони евра обезбедивме за помош во време на криза, граѓаните знаат кој се грижи за нив

Од:

СДСМ покажа дека може да носи промени и да ја носи државата напред, а тоа го можеме бидејќи сме на страна на граѓаните, порача вечерва од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Конче, потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката посочи дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, во време на светска економска и енергетска криза презема навремени и ефикасни решенија за полесно надминување на последиците.

„Во првата половина од оваа година донесовме пакет од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството. И не застанавме тука, месецов, донесовме нов пакет на мерки за помош вреден 360 милиони евра, каде директно им се помага на над 200.000 граѓани кои се со ниски примања.Тоа значи дека за само неколку месеци одвоени се 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните. Оваа светска економска криза ни покажа колку е важно домашното производство на храна и енергија. Затоа за оваа година покрај повисоките и навремени субвенции обезбедивме дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, а веќе од следната година со новиот систем на субвенционирање земјоделците авансно ќе добиваат дел од субвенциите, за да имаат пари кога најмногу им се потребни.“ истакна Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска порача дека очигледна е разликата помеѓу одговорниот, државнички однос на СДСМ и деструкциите, блокадите и погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и дека граѓаните тоа го препознаваат.

„Граѓаните немаат кратко паметење. Тие знаат што е лицемерно, а што искрено. Знаат да ги препознаат небулозите и да ги оценат резултатите. Знаат кој се вложува во изминатите 5 години и кој ги решаваше децениските проблеми, срамно чувани „под тепих“ кои ги наследивме. Знаат граѓаните кој блокира а кој води напред. Граѓаните гледаат дека додека СДСМ презема навремени и ефикасни мерки, од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од деструктивното и штетно дејствување. Сами ги гледате како во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ упорно блокираат над 100 закони во интерес на граѓаните и државата. Ние нема да дозволиме таквите деструкции да ја загрозат иднината на државата, блокадите на ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат поразени.“ порача Костадиновска Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција тврди ВМРО-ДПМНЕ

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

Костадиновска-Стојчевска: Ја остваривме визијата, имаме Национален џез оркестар

Горан Наумовски

Костадиновска-Стојчевска: Политиките на СДСМ ги унапредуваат правата на жените, остануваме активни во борбата против родовото насилство