Костадиновска-Стојчевска: Младите се нашата иднина, 5000 денари младински додаток и европски плати дома

Од:

Коносителната на листата за пратеници на СДСМ во петтата изборна единица изјави дека програмата на СДСМ има реален план за побрзо да им ја донесеме на младите Европа дома, изјави Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме: Европска детска гаранција, за 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади, зголемување на износот на младинскиот додаток од 3.000 на 5.000 денари месечно, наброи Костадиновска-Стојчевска дел од мерките за млади кои СДСМ ги воведува во следниот мандат.

Таа нагласи дека младите остануваат во фокусот на социјалните политики, а доказ за тоа е планот за домување за млади до 29 години и за првпат воведувањето на софтвер за младинска работа. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Костадиновска-Стојчевска:

,,Одлучни сме да продолжиме да создадеме посолидарно, еднакво и посигурно општество за младите. Нудиме:

Европска детска гаранција! За 35 илјади млади учество во програмата Гаранција за млади!Зголемување на износот на младинскиот додаток од
3.000 на 5.000 денари месечно. Достапно, пристапно и квалитетно образование. Студенски ваучери за сместување. Младинско учество во сите области! План за домување за млади до 29 години. Младински центри во секоја општина! И за првпат воведуваме софтвер за младинска работа.

Младите се нашата иднина и затоа ги направивме рамноправни во одлучувањето. А во следниот формираме институционален партнер на младите, Министерство за млади.
Младите остануваат во нашиот фокус. Спроведуваме младински наставни програми на Европската Унија кои поттикнуваат финансиска независност, креативност и иновативност. Имаме реален план за побрзо да им ја донесеме Европа дома. Младите заслужуваат европска иднина и европски плати во нашата држава. Младите заслужуваат да бидат жители на Европа. Наша обврска е да им обезбедиме иднина каква што сакаат и заслужуваат. Нема откажување од иднината”, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Обезбеден буџет за изградба на Турскиот театар-Скопје, завршени покривот и фасадата на објектот

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Град Скопје: Две години зборуваме дека проектот за Универзална е погрешен и небезбеден

(ВИДЕО) Костадиновска – Стојчевска: Нема повредени, нема жртви, објектот е осигуран

Орце Костов