Костадиновска – Стојчевска: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени

Од:

СДСМ секојдневно е меѓу народот, со граѓаните. Во рамки на караванот теренски активности „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателката Бисера Костадиновска – Стојчевска беше во општина Куманово, каде со граѓаните зборуваше на повеќе актуелни теми, а се осврна и на денешната лидерска средба.

– Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени. СДСМ покажа државнички капацитет и рековме денеска, обединета Влада за европска интеграција. Ова е премногу важен процес за нашата иднина и потребна е вклученост од сите политички субјекти. Членството во ЕУ е врвен национален интерес и тоа не е процес на една партија или на еден поединец и токму затоа потребно е да изградиме национално единство, да ги заокружиме процесите и преговорите за членство во ЕУ да ги завршиме во следните неколку години, истакна Костадиновска Стојчевска.

Нашите граѓани, додаде таа, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, во својата држава и затоа сите заедно треба да избереме интеграција наместо изолација.

Во општина Кичево беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски кои пред присутните истакнаа дека СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и проекти успешно се справи со сите кризи и дека сега за разлика од неколку години претходно во државата се случува енергетска трансформација со кој државата ја зајакнува својата енергетска независност.

Меѓу граѓаните на Охрид беа Вангелија Велева и Пеце Мирчевски каде порачаа дека со изградбата на Коридорот 8 овој регион од државата ќе биде уште подобро поврзан и со останатите градови во државата но и со соседна Албанија и пристаништето во Драч и сето тоа ќе донесе дополнителни можности за забрзан економски развој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години