Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже и да не бара алиби за блокадите на новиот Клинички центар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против нов Клинички центар, против подобри здравствени услуги за граѓаните. Ставот на Мицкоски дека по секоја цена ќе го кочи законско решение со кое државата по 80 години ќе добие нов модерен Клинички центар е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е цврсто застаната на спротивната страна од интересите на граѓаните, дека е цврсто застанат против здравствениот систем во нашата земја рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста.
Не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за сето ова што им го прават на граѓаните и државата. Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град. Тоа е огромна разлика која Мицкоски свесно ја игнорира за да бара алиби за неговите срамни обиди да ја спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство“ – рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви