Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

Од:

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот Фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

– Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски – напиша струмичкиот градоначалник.

Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица Костадинов

Кривична пријава за поранешниот градиначалник на Струмица Костадин Костадинов

Костадинов: Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Костадинов: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со огнот нема играчка

А1он