Костадинов: Со вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе се погреба бугарскиот карактер на Македонија

Од:

Лидерот на бугарската партија „Преродба, Костадин Костадинов вели дека вклучувањето на Бугарите меѓу шест, седум или осум други националности во македонскиот Устав, било во некоја преамбула или во посебни написи, го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија.

„Дали таканаречениот „француски компромис“ на Кирил Петков и Христо Иванов се поткопува или не, во крајна линија не е важно за Бугарите во Македонија. Едно вклучување на Бугарите меѓу шест, седум или осум други националности во Република Северна Македонија, без разлика дали во некоја преамбула, дали во поединечни написи, ја заби последната шајка во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија“. Ова во изјава во име на пратеничката група „Преродба“ го истакна лидерот на партијата, Костадин Костадинов.

„Пред споменот на генерациите кои паднаа за Бугарија од Осогово и Огражден, сите сме одговорни, секој на свој начин. И секој од нас во оваа сала пред се мора да се грижи за бугарскиот национален интерес“, рече Костадинов.

Во декларацијата тој се повикува на постапките на бугарскиот претставник во Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на Европската унија (КОРЕПЕР).

Според Костадинов, нашиот претставник го бранел бугарскиот национален интерес, но бил вербално нападнат од бугарските партнери во ЕУ, посочувајќи дека шпанското претседателство го торпедирало таканаречениот „француски компромис“, бидејќи е испратено писмо до РСМ, со кое информира за критериумите за членство. Костадинов истакна дека ваквите писма се дел од претпристапните договори и преговори. Вакви писма да има дури откако ќе се направат измените на Уставот на РСМ, како што се договорија Кирил Петков и Христо Иванов, рече Костадинов.

„Нашиот претставник јасно кажа дека испраќањето на писмото е во спротивност со францускиот компромис, во кој претставници на другите земји членки вербално го нападнаа“, истакна Костадинов, додавајќи дека одговорите на нашиот претставник биле дека не треба да го оптоваруваме процесот со проблеми од билатерална природа.

Костадинов изјави дека не е исклучено вклучувањето на Бугарите во Уставот да се состои само во преамбулата, која не гарантира никакви права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Анима Мунди: Наместо да одговара градоначалникот Костадинов, осудена активистка

Катерина Ѓуровски

Реакција на Платформа за родова еднаквост за изјавите на градоначалникот на општина Струмица

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Костадин Костадинов од голтар до скапи мотори, часовници и станови преку функција и СДСМ

Костадинов: Обезбедени се 5,77 милиони евра за угостителските објекти кои беа затворени

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже и да не бара алиби за блокадите на новиот Клинички центар