(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски е пион на Груевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го сметаат бегството за оправдано отсуство

Од:

Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов по денешната седница на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која се одлучуваше за пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски рече дека од денешната седница може да се увиди дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е пиун на Груевски кој од Будимпешта управува со партијата.

-Лицемерните Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно по кој знае кој пат го бранеа осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. Пратениците во комисијата не гласаа за одземање на мандатот на Груевски. Се потврди она што цело време го говориме дека Мицкоски е само еден пиун во рацете на криминалецот во бегство Никола Груевски. Во намерата да го одбранат, пратениците тврдеа дека бегството треба да се смета за оправдано отсуство наместо да повикаат на правда и да ги почитуваат законите и Уставот, рече Костадинов.

Портпаролот на СДСМ рече дека опозициската ВМРО ДПМНЕ наместо интересите на државата посветена е само на заштита на криминалот на Груевски.

-Во ВМРО нема ништо ново. Бегалецот од Будимпешта ја контролира партијата, дава насоки и управува со неа. На државата и е потребна конструктивна и стабилна опозиција која ќе се натпреварува со концепти и идеи. Опозиција која ќе се бори за правда и правичност, а не да се стави во функција на одбрана на криминалот. ВМРО-ДПМНЕ денеска предводена од Мицкоски е ништо, ВМРО е полоша од било кога до сега. Ги охрабруваме пратениците да се охрабрат од матрицата на Мицкоски и на пленарната седница да гласаат за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски, рече Костадинов.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните