(ВИДЕО) Костадинов: Координации во Собранието за седницата за законот за јавно обвинителство

Од:

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов од собраниската прес сала уште еднаш ги повика пратениците да застанат зад законот за јавно обвинителство, кој според него е клучен за неселективна правда и независно судство. Костадинов не кажа децидно дали е обезбедено 2/3 мнозинство и кога може да се очекува пленарна седница на која ќе се носи законот за јавно обвинителство и додаде дека се во собранието се одвиваат координативни средби по кои ќе знае кога ќе биде закажа седница.

„Моментално се одвива координација помеѓу Претседателот на Собранието и координаторот на партијата. Секој ден повикуваме и ќе повикуваме не само до парламентарното мнозинство туку и до пратениците од ВМРО ДПМНЕ. Дали ќе одлучат да застанат на страната на правдата или ќе останат да ги бранат интересите на група бандити во нивните редови.Ги повикувам пратениците да се изјаснат по сопствено убедување да го поддржат законот кој доби поддршка и од меѓународната заедница. И ние не собираме мнозинство, затоа што сите аргументи се на наша страна за разлика од ВМРО ДПМНЕ, кој врши притисоци врз колегите да не гласаат за законот”, рече Костадинов.

Пратеникот Костадинов ја повика опозицијата да заземе став бидејќи како што рече не им е јасно на граѓаните како ќе постапуваат откако вчера лидерот на партија Мицкоски повикал пратениците да го напуштат Собранието. Тој вели дека во меѓувреме пратениците за повеќе закони поднеле над 5000 амандмани со што според него е блокада за носење на законите.

„Хипотетички не можам да зборувам. Мицкоски кажа пратениците после 12 февруари да не бидат во Собрание. Денеска имаме над 5000 амандмани, меѓу кои за законот за минерални суровини и законот за безбедност во сообраќајот. Треба да одлучат како ќе постапуваат и да си најдат одговор на прашањето дали овој кризен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја втурне партијата во уште подлабока криза“, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната