Костадинов: Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Преспанскиот договор или вчера кога самата се негираше?

Од:

„За само неколку дена од кампањата, Гордана Сиљановска, си го покажа вистинскиото лицемерно лице. Кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска не е чесна пред граѓаните.

Лицемерно до крај, на вчерашниот ТВ дуел, Сиљановска рече дека ќе го почитувала Преспанскиот договор.

После серија на изјави и јавни настапи против Договорот, ладно, пред целата јавност, Сиљановска вели дека ќе го користи уставното име Република Северна Македонија“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Кога лажеше Сиљановска? Кога велеше дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или вчера кога самата се негираше?

Дополнително, Сиљановска, во истиот ТВ дуел призна дека согласно Договорот од Преспа, македонскиот идентитет е заштитен и потврден, согласно членот 7.

Гордана Сиљановска е иста како Христијан Мицкоски, нечесна, неискрена и лицемерна пред граѓаните. Едно зборува, друго мисли, трето прави.

Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“