ВИДЕО: Костадинов ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласат за одземање на мандатот на Груевски

Од:

Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов денеска ги повика своите колеги особено, како што посочи од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за одземање на мандатот на Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер кој избега во Унгарија.

Побара од пратениците на опозициската партија да ја почитуваат одлуката на нивниот ИК одржан синоќа.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека не собрал храброст да ја соопшти одлуката во јавност и дека Груевски, како негов ментор го контролира.

– Исто како Груевски, и Мицкоски сака да префрла одговорност на неговите пратеници кога му е тешко да соопшти јасна одлука и став, рече Костадинов.

За одземањето на мандатот на Груевски денеска во Собранието ќе заседава Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања.

Пратениците ќе одлучуваат по предлогот за одземање на мандатот поради неоправдано отсуство на Груевски повеќе од шест месеци, а врз основа на известувањето од претседателот на Собранието Талат Џафери, доставено на 15 мај 2019 година.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешната седница апелира до пратениците за мандатот на Никола Груевски да псотапат според законот и Уставот.

– Доколку се исполнети условите согласно закон и Устав за престанок на мандатот на Никола Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и Уставот, соопшти ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски