Косовскиот амбасадор во Република Македонија Илбер Хиса, попладнево престојуваше во посета на Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Аргетим Фида и неговите соработници.
Посетата, како што изјавија Фида и Хиса, е во рамките на веќе воспоставената добра соработка меѓу Дебар и Косовската амбасада, како и сработката што посебно на културан план ја има Дебар со асоциации од Косово. Тука секако и фактот што Дебар е збратимен град со Ѓаковица. Станало збор и за претстојните локални избори, при што амбасадорот побарал тие да минат во демократски дух и регуларност.
– Се надевам дека во Дебар, како и порано, максимално културно ќе се спроведе изборната кампања, а денот на изборите ќе биде свечен ден кога граѓаните ќе ја реализираат нивната граѓанска обврска пред демократијата, изјави Фида.
На новинарско прашање, амбасадорот Хиса, осносите и соработката меѓу Македонија и Косово, ги оцени како одлични.
– Косово и Македонија, како соседни земји, имаат одлични билатерални односи и соработка, што е во интерес на двете земји и на граѓаните. Имаме многу билатерални договори со Македонија. Косово е втор надворешен трговски партнер на Македонија и реално бизнисот од Македонија профитира многу од косовскиот пазар. Ние во овие моменти на криза посакуваме да си помогнеме еден на друг, не од причини за билатералните односи, туку нашите аспирации во евроатланските процеси. Со имплементација на Охридскиот договор на Македонија местото и е во евроатланските струтури, изјави Хиса.
Според Хиса, албанските политики партии во Македонија се дел од колоритот на новата демократска плурална реалност во Македонија и се многу значајни за стабилноста на земјата.
– Посакуваме да ги видиме нив како придонесувачи на овие процеси со европско однесување, не со изјави туку со дела, порача Хиса.