Косовоско БМВ излета во Лепенец по сообраќајка на патот Скопје-Блаце: еден спасен, по тројца се трага

Од:

По три лица се трага откако возило со косовски регистарски таблички излетало во реката Лепенец по сообраќајната несреќа во која учествувал и скопски автомобил на патот Скопје-Блаце. Едне од патниците од автомобилот кој завршил во реката е извлечен и пренесен во болницата „8 Септември“.

– Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, се вели во првичната информација од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски