Корупцијата во четири очи тешко се докажува

Од:

Тешко е да се докаже корупцијата во јавните набавки во Македонија, корупцијата на локално ново е недоволно истражена, а, во исто време, и јавната доверба во институциите надлежни за справување со корупција е ниска, покажа истражувањето на Ана Стојиловска, истражувач од „Аналитика“, автор на трудот „Ризици од корупција кај јавно-приватно партнерство во Македонија“.

Трудот денеска беше презентиран во општина Битола, а според авторката, државните органи чија работа е да се справат со корупцијата, не се доволно транспарентни во својата работа.

– Можам да го пофалам Државниот завод за ревизија, кој е отворен за соработка и ни даде информација дека тие немаат сознанија за корупција во јавно-приватно партнерство на локално ниво. Од друга страна, пак, Државната комисија за спречување корупција не беше толку кооперативна и нашите прашања ги сметаше за општо поставени и не ни даде одговор. Самите анкети, пак , покажуваат дека граѓаните немаат многу доверба во овој систем и верувам дека капацитетите на Комисијата не се доволни, во однос на човечкиот фактор и моќта во системот. И Европската комисија кажа дека за корупција и за перцепцијата на корупција се зборува, но, како заклучок, може да се каже дека доколку има корупција, таа е на суптилно ниво, во четири очи, нешто што многу тешко се докажува – рече Стојиловска.

Вратите за проверка на склучените договори за јавно-приватно партнерство за ова истражување ги отворија само три општини во државата – Ѓорче Петров, Свети Николе и Битола.

– Ова беше мало истражување на три општини. Изборот падна на оние кои имаат потпишано договор за јавно-приватно партнерство, а, од друга страна, се одеше на оние што се отворени за соработка. Јас контактирав со поголем број општини, но недостигот од соработка и од транспарентност упатува и на сомнеж за нивната работа –вели Стојиловска, напоменувајќи дека во Општина Битола има еден пример на јавно-приватно партнерство, тоа е зонското паркирање, каде не се утврдени неправилности во постапката.

Сепак, анализата покажува дека важно е поактивно вклучување на граѓанскиот сектор, особено во надгледување на трошењето на јавните пари, подобра имплементација на Законот за концесии и ЈПП и борбата против корупцијата на локално ниво.

Истржувањето е спроведено во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“, спроведуван од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Охридскиот институт за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а финансиран од Европска Унија. /Meta

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов