Корисниците од дневниот центар му го честитаа Велигден на градоначалникот Мицевски

Од:

Со рачни изработки со велигденски мотиви и желби за среќа и радост за време на празнувањата, корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Крива Паланка, му го честитаа претстојниот голем христијански празник Велигден на градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Предводени од раководителот на одделението при Меѓуопштински центар за социјални работи Добринка Давитковска, корисниците му подарија на Мицевски рачно изработени велигденски корпи и други ракотворби, посакувајќи му многу лични успеси но и напредок, здравје и бериќет во работењето и водењето на општината.

-Задоволство ми е што искрени празнични честитки добивам прво од корисниците од дневен центар и со драго срце им посакувам само радости и моменти на среќа во нивниот живот, рече Мицевски.

Тој на сите православни верници им го честите празникот посакувајќи им мир и спокојство во нивните семејства, благодет и просперитет во работата, финансиска добросостојба, како и успех во реализирањето на нивните идни планови.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски