ВИДЕО: „Копиле, дај го ваму“ – нова снимка за крвавиот напад на Села

Од:

На денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села беше емитувана нова снимка од нападот во прес – центарот во Собранието, на која се гледа како обвинетиот Александар Јаневски – Тошта прашува некој од толпата граѓани „кој, кој” по што заедно со обвинетиот Никола Војминовски го извлекуваат Села од аголот каде што се пратениците. Притоа се слушаат извици кои се однесуваат на лидерот на Алијансата на Албанците: „Копиле, дај го ваму”.

Од снимката може да се види како по извлекувањето на Села следува крвнички напад со удари од повеќе лица со раце, нозе и тастатура кон него, по што тој паѓа на земја и не покажува знаци на живот, односно не се брани. Но, сепак ударите кон Села, кој во тој момент е со лицето свртен надолу, не престануваат.

Обвинителството посочи дека додека траела целата ситуација, присутни се обвинетите Коста Делов,Александар Јаневски, Оливер Ошавковски, Никола Војминовски. Судијката која го води случајот, Славица Андреевска даде половина час пауза. На еден од обвинетите му се слоши.

Во обидот за убиство на Зијадин Села обидот кој се случи на 27 април минатата година при упадот во Собранието, се обвинети Оливер Ошавковски, Александар Јаневски – Тошта, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески – Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цејо Ѓоргиевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари