Координативното тело на Општина Кичево со оперативен план за дезинфекција на сите патишта во градот

Од:

Координативното тело на Општина Кичево го усвои Оперативниот план за дезинфекција на сите патишта, улици, установи и јавни места во градот кои почесто ги посетуваат граѓаните.

Во заклучоците се бара да се зајакнат превентивните мерки за заштита од коронавирусот од страна на сите надлежни институции.

Работните тимови на Болницата, Здравствениот дом, Армијата, Полицијата, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Центарот за заштита и спасување и ЈП „Комуналец“ постојано ќе го покриваат градот и околните населени места, работејќи и почитувајќи ги препораките на Владата.

Исто така се апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на Владата за самоизолација, полицискиот час и групирањето на лица, како и да се задржи нивото на индивидуална и групна чистота.

Од општината информираат и дека состојбата во Кичево досега е стабилна.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски