Главниот координативен кризен штаб ја одржа својата втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентираше актуелната состојба со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
Како што информираат од прес-центарот на Владата, на седницата се дискутирало и се усвоила препорака за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР ковид тест од 10 на 7 дена.
„Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Препораката е доставена до Владата на Република Северна Македонија и треба да биде дискутирана на следната владина седница“, се додава во соопштението на прес-центарот на Владата.