Координативен состанок во МВР за приоритетните реформи

Од:

Активностите кои се преземаат за реализација на итните реформски приоритети во областите во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а кои се поврзани со процесот на европска интеграција, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) беа тема на денешниот трет по ред координативен работен состанок на вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски со министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

– За време на состанокот соговорниците посебно се осврнаа на препораките за реформа на системот за следење на комуникации како и на активностите кои се преземаат за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, стои во соопштението.

Денешниот состанок е дел од циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. На овој состанок му претходеа состаноци со Министерството за информатичко општество и јавна администрација и со Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски