Координативен состанок на премиерот Заев со амбасадорот Васко Наумовски, специјален пратеник во разговорите за името

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска одржа консултативна средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани со проблемот што го има Република Грција со нашето уставно име, со амбасадорот Васко Наумовски, специјален пратеник во разговорите, кои под покровителство на Обединетите нации се водат за разликите околу името на нашата држава.

На оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција.

Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Васко Наумовски, е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски